Сопругата на претседателот предбожиќно ја посети Битола

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска по повод божиќните празници, во Битола ги посети ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ и ЈУ Домот на доенчиња и мали деца, соопшти Кабинетот на претседателот.

При посетата на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски”, Ѓоргиевска го посети детското одделение. Во оваа установа, таа имаше средба со директорот д-р Александар Обедниковски со кого разговараше за актуелната состојба и функционирањето на клиниката.

Сопругата на претседателот беше во посета и на ЈУ Домот за доенчиња кадешто беше пречекана од в.д. директорката Анета Талеска. Во рамки на посетата Ѓоргиевска се дружеше со децата кои престојуваат во домовите.