„Металика“ слават 40 години постоење
„Металика“, еден од највлијателните музички бендови во светот, слави 40 години постоење и 30 години од култниот „Црн албум“ (The Black Album).
„Дојче веле“ пишува дека целиот рок-свет може да му се заблагодари на Ларс Улрих за објавувањето на малата реклама во калифорниски „Рисајкл“ во 1981 година. Се останато е историја.
Сè уште активни членови на бендот се Џејмс Хетфилд, Кирк Хамет и Роберт Трухиљо.
Металика е основана на 28 октомври 1981 година. Веќе во 1983 година го издаваат албумот „Kill’em All“, а во 1986 и култниот албум „Master of Puppets“.
Со овој албум заминуваат на европска турнеја, на која се превртува автобусот со кој патуваат, меѓу Стокхолм и Копенхаген, а басистот Клиф Бартон загина во несреќата.
Во 1990 година го снимаат првиот видео запис за песната „One“, кој ги достигна врвовите на листите на „Ем-ти-ви“.
Следуваше албумот „Metallica“, којшто сè уште се нарекува „Црниот албум“. Тука се наоѓаат вечните хитови „Enter Sandman“ и „Nothing Else Matters“.
Нивниот последен албум „Hardwired… to Self-Destruct“ излезе во 2016 година.