Познати личности кои починаа во 2022 година
Во текот на 2022 година не напуштија бројни познати странски личности. Талентирани актери и музичари, дизајнери починаа во 2022 година и зад себе оставија грст филмови, песни и спомени.
Кралицата Елизабета почина во септември на 96-годишна возраст. Таа беше монарх на 15. кралски земји на Комонвелтот и врховен поглавар на англиската црква.
Во 2022 година, кралицата Елизабета Втора го прослави својот платинест јубилеј – 70 години од владеењето, а едно од нејзините последни јавни настапи беше снимено на прославата одржана во јуни истата година.
Оливија Њутн Џон
Ѕвездата на „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон ја загуби битката со ракот на дојката во август. Тажната вест ја открил нејзиниот сопруг кој побарал приватност, додека од познатата актерка на мрежите се простува бројни колеги и пријатели.
Ен Хеч
Прославената актерка Ен Хеч почина на 53-годишна возраст. Ен Хеч предизвика две несреќи во Калифорнија и се здоби со тешки изгореници во несреќата.
Кирсти Ели
Познатата актерка Кирсти Ели почина во 2022 година на 72-годишна возраст од рак, со кој кратко се бореше. Веста за нејзината смрт ја потврди и нејзиното семејство, а меѓу првите се прости Џон Траволта кој јсо неа глумеше во филмовите кои и донесоа светска слава – „Види кој зборува“.