Алијансата за Албанците до Државната комисија за спречување корупција поднесе пријава за сомневање за корупција против Назим Буши, заменик-министерот за внатрешни работи, соопштија од партијата.
„Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик-министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи“, соопштија од Алијансата за Албанците.