На социјалните мрежи се појави видео од чеченскиот лидер Рамзан Кадиров како прави склекови за време на гостувањето во емисија на руската телевизија.
Видеото го објави американската новинарка Џулија Дејвис, која ги следи руските медиуми и објавува клипови со превод за да ја приближи руската пропаганда до западната публика.
„Во меѓувреме во Русија, Рамзан Кадиров реши да ги импресионира сите обидувајќи се да направи склекови“, напиша Дејвис.
Meanwhile in Russia: Ramzan Kadyrov decided to impress everyone by attempting to do some push-ups.
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) December 29, 2022
Во телевизиското студио беше и придружбата на чеченскиот лидер, која со аплауз ги поздрави неговите склекови.
Кадиров е силен поддржувач на руската инвазија на Украина, а на почетокот на октомври најави дека во војна ќе испрати тројца негови малолетни синови. Неколку недели по таа објава, тој сподели видео од неговите тројца малолетни синови како му носат „подарок“ од бојното поле, тројца затвореници.