Кличко: Три лица се повредени во ракетен напад врз Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска соопшти дека три лица, меѓу кои и едно 14-годишно девојче, се повредени во руската рација во главниот град.

„Досега две лица се спасени од оштетена приватна куќа. Лекарите им укажале прва помош на лице место и ги пренеле во ургентниот центар. Спасувачите продолжуваат со акцијата за пребарување и спасување. Остатоците од ракети оштетиле и автомобил на една од централните улици“, напиша Кличко на Телеграм.

Тој додава дека според прелиминарните информации од силите за воздушна одбрана, над Киев биле уништени 16 проектили.

Кличко, исто така, на Телеграм напиша дека главниот град може да доживее прекин на електричната енергија и ги повика жителите да ги наполнат своите уреди и снабдувањето со вода.

Украина извести за нов бран руски ракетни напади, а рано утринава се слушнале експлозии во Киев, Лавов, Одеса, како и во регионот Житомир на северот на Украина, пренесува ТАСС.