Ќерката на Пеле: Поминуваме моменти на тага и очај

Бразилската легенде Пеле веќе цел месец е хоспитализиран во болницата „Алберт Алјнштајн“ во Сао Паоло.

Неговата состојба не се подобрува откако ракот прогресираше.

Пред една недела од болницата беше објавено дека Пеле е во тешка состојба и потребна му е константна нега. Најстарата ќерка на Пеле, Кели Насименто се огласи и објави дека поминуваат низ тешки моменти.

„Поминуваме низ моменти на тага и очај, но Пеле постојано ни кажува дека треба да бидеме заедно и да се сеќаваме на убавите моменти.

Од една страна е тешко, но од друга смешно зошто се потсеќаме на се убаво што ни се случуваше во животот. Тоа што го научивме е дека мора да сме сите обединети“, изјави Кели.

Пеле има 82 години, а лани се оперираше од туморот на дебелото црево, а потоа ситуацијата се влоши откако му се врати опасната болест.