
Двајца тинејџери од Германија загинаа на скијање во австриската провинција Тирол откако паднале од карпа висока 60 метри, соопшти денеска полицијата.
Очевидци рекоа дека тинејџерите скијале со голема брзина по патеката кај Вејдринг.
Екипите на итната помош и два спасувачки хеликоптери не успеале да ги спасат скијачите, кои починале на лице место.