Турскиот претседател Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање

На помалку од шест месеци пред изборите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање, дозволувајќи им на повеќе од два милиони работници веднаш да се пензионираат.

Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Претходно, старосната граница за пензионирање во Турција беше 58 години за жени и 60 години за мажи.

Претседателот ова го соопшти за време на прес-конференција на тема старосната граница за пензионирање, пренесоа агенциите.

Владејачката партија на Ердоган значително ја зголеми минималната плата минатата недела како дел од обидот да ја врати поддршката изгубена поради инфлацијата, падот на лирата и остриот пад на животниот стандард.