Столтенберг: Може да се најде заедничко решение со Русија

Јенс Столтенберг – генералниот секретар на НАТО рече дека е можно да се најде политички пат кон напредок со заеднички сили со Русија, но и да се реши загриженоста на Москва, иако се уште постои ризик од конфликт.

„Мораме да работиме напорно и да се надеваме на најдоброто, но и да се подготвиме за најлошото“ изјави Столтенберг за „Фајненшл тајмс“.

Првиот човек на Алијансата смета дека НАТО е подготвен за „нов вооружен конфликт во Европа“ доколку преговорите пропаднат, во време кога западните власти се подготвуваа за потенцијални разговори со Москва за намалување на воените вежби, контролата на вооружувањето и ветувањето дека нема да инсталираат американски ракети во Украина.

„Свесен сум за руската историја. Со векови минувале низ конфликти со своите соседи. Но, Русија има алтернатива – да соработува, да работи со НАТО. Сакаме да се стремиме кон подобри односи. И претходно докажавме дека сме способни за компромиси и да наоѓаме решенија со Русија“ смета Столтенберг.