
Аеродромот во Приштина е евакуиран поради закана за бомба, јавуваат од Репортери.
Портпаролката на аеродромот Валентина Гара рече дека евакуираните патници и персоналот се добро и се безбедни.
„Потврдувам дека добивме дојава за бомба. Патниците и вработените на аеродромот се евакуирани и се безбедни. Екипата за итни случаи истражува“, рече таа.