
Со индекс на загаденост од 173 Скопје утрово е уште меѓу десетте најзагадени поголеми градови во светот.
Во текот на ноќта Скопје беше и на четвртото место.
Меѓу првите 10 градови ниеден не е од Европа.
За разлика од претходните денови кога позагадени беа источните населби, како Аеродром и Гази Баба, утрово позагадени се западните населби во Скопје, особено општината Карпош.
