„Не е прашање дали ќе згасне струјата во ЕУ, туку кога“

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер изјави дека веројатноста за прекин на електричната енергија во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема.

– Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа – предупреди Танер.

Министерката Клаудија Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија.

– Прашањето не е дали ќе го направат тоа, прашање е кога тоа ќе се случи – рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина.

– За Путин, хакерските напади врз снабдувањето со електрична енергија од Запад се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека тоа е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа – рече Танер.