Мртво тело во близина на пругата каде се преврте цистерната со амонијак во Пирот

Пожарникарите утринава пронашле тело на непознато лице во близина на пругата во Пирот, потврдија од Нова.рс.

Телото е пронајдено во близина на возот кој превезувал цистерни со амонијак, од кои четири се превртеле, а од еден истекол амонијак.

Полициската истрага е во тек.

Инаку во Пирот е на сила вонредна ситуација поради истекување на амонијак од превртен вагон.

Поради симптоми на труење, хоспитализирани се 51 лице, а едно починало по приемот во болницата Пирот, но не е потврдено дека причината за смртта е труење.