Елмас во Ливерпул?

Решението за средниот ред на Ливерпул е македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, и тоа во јануарскиот преоден рок, пренесуваат медиумите.

Навопдно има интерес од менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп за Елмас. Германецот е голем вљубеник во играта на нашиот репрезентативец, па ќе се обиде да го доведе во Ливерпул во јануари.

Непотврдените информации се дека Ливерпул и Елмас веќе ги имале првите разговори за потенцијален трансфер.

Сезонава Елмас во Наполи има променлива минутажа, не е стандарден и на 20 натпревари собра 670 минути. Но, кога и да беше на теренот одлично ја искористуваше шансата посебно во натпреварите кога беше стартер.

Елмас постигна два гола и забележа една асистенција.

Договорот со Наполи на Елмас има важност до 2025 година и неговата вредност е проценета на на околу 23 милиони евра.