Во провинцијата Жеџијанг во источна Кина дневно се евидентираат околу 1 милион нови случаи на коронавирус, а се очекува бројот да се удвои во наредните денови, соопшти покраинската влада.
И покрај рекордниот пораст на бројот на заразени низ целата земја, Кина не пријавила ниту еден смртен случај од Ковид-19 во изминатите пет дена, соопшти кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Како што пренесува Ројтерс, граѓаните и експертите бараат попрецизни податоци за состојбата во земјата бидејќи бројките нагло се зголемија откако властите се откажаа од стратегијата „нулта ковид“.
Податоците се нецелосни бидејќи Националната здравствена комисија престана да пријавува асимптоматски случаи.