Пендаровски и Џафери на ручек кај г.г. Стефан

Поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан по повод божиќните празници, но и поради својот именден – празникот на Св. Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.

На неговата трпеза седнаа Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието – Талат Џафери.

Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.