Повторно руски функционер почина под мистериозни околности

Почина шефот на руското бродоградилиште за подморници, Александар Бузаков, под засега неразјаснети околности.

Големото руско бродоградилиште кое е специјализирано за изградба на ненуклеарни подморници соопшти дека генералниот директор ненадејно починал во саботата по 11 години на функцијата, но не засега не објавија детали.

Бродоградилиштето „Адмиралитет“ кое е со седиште во Санкт Петерсбург, во соопштение ја објави смртта на Бузаков. Тој ја водеше компанијата од август 2012 година.

Неговото главно достигнување, се вели, било зачувување и зајакнување на нарачките на бродоградилиштето за модерни ненуклеарни подморници, површински бродови и бродови за длабока вода.

Новинската агенција ТАСС соопшти дека бродоградилиштето гради подобрени подморници со дизел-погон од класата „Кило“, способни да лансираат крстосувачки ракети „Калибр“.