Се одбележа годишнината од смртта на Даме Груев во Берово

Со положување на цвеќе пред споменикот на Даме Груев во беровско Русиново, се одбележа годишнината од смртта на македонскиот револуционер кој пред 116 години загина на планината Петлец.Цвеќе положија градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, и претставници на општинската администрација.Беше прочитан реферат за неговиот живот и дело.

Пекевски пред присутните истакна дека Берово и Русиново се гордо на минатото и на имињата кои се запишаа како симбол на слободата, а меѓу нив и великанот Груев.

Големиот македонски револуционер Даме Груев, загинува на 23 декември 1906 година, во борба кај месноста Петлец, близу село Русиново.