
Бочварски: Влегуваме во процес на либерализација на железничкиот транспорт
Ги подготвуваме законите и законските измени и можам да потенцирам дека влегуваме во постапка на либерализација на железничкиот транспорт, со што ќе може и железници од други држави да вршат транспорт по нашите железнички пруги, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.
Смета дека би се отвориле многу можности за граѓаните и компаниите со влегувањето на други железнички компании на нашиот пазар.
Бочварски истакна дека Владата со 200 милиони денари ќе помогне на македонски железници за покривање на трошоците за електрична енергија.Така нема само да се заштити претпријатието, туку и економијата.
„Голем дел од енергенсите влегуваат во земјава преку Македонски Желзници. Товарниот транпосрт е преку 90 отсто од работата на компанијата и токму затоа мора да го стабилизираме претпријатието, да ја пребродиме кризата и во мирно време да се одлучува за иднината“, потенцираше Бочварски.
Според Бочварски приходите кои македонски железници ги добиваат се слични како и претходните години, но дека расходите се зголемени неколкукратно поради енергетската криза.За таа цел државата излегува во пресрет за да помогне.