
Врховниот поглавар на Католичката црква, папата Франциск, денеска ги повика верниците да се потсетат на страдањата на украинските деца кои за време на Божиќ ќе ги поминат празниците без струја и греење.
Повеќето од децата што ги видов овде веќе не се смешкаат – рече Папата, мислејќи на украинските деца кои нашле засолниште во Италија.
Од почетокот на рускиот напад на Украина, Папата честопати повикуваше на сочувство за страдањата на Украинците, како што беше, при секое јавно обраќање, пренесува Ројтерс.
– Страшно е кога детето ќе ја изгуби способноста за насмевка. Овие деца во себе ја носат трагедијата на нехумана и страшна војна – рече тој.
Минатата недела Папата ги повика верниците да трошат помалку за божиќните прослави и подароци и наместо тоа да испратат пари во Украина за да им помогнат на нејзините граѓани да ја преживеат зимата.