
Рускиот претседател Владимир Путин на денешниот состанок во руското Министерство за одбрана изјави дека НАТО го употребува целиот потенцијал против Русија и им порача на присутните дека треба да го анализираат искуството на НАТО.
Тој додаде дека Русија ќе продолжи да подобрува борбената готовност на нуклеарните сили и оти во најблиска иднина ќе бидат распоредени интербалистичките ракети „Сармат“.
Путин наведе дека Русија ќе ги исполни своите задачи во Украина и им оддаде признание на руските војници велејќи: „Вие се борите како хероите од претходните руски војни“.
Според оценката на Путин, „специјалната воена операција во Украина ја покажала важноста на беспилотните летала.