Мицкоски: Грковска да каже имиња, сѐ останато е дефокус

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите на Славица Грковска, од СДСМ, дека се покренати три кривични пријави против функционери.

„Чесно е, ако вицепремиер на една држава дава таква информација, да каже имиња. Затоа што сѐ останато е дефокус од вистинската суштина, а вистинската суштина е дека ова е најкорумпираната и најкриминална влада од осамостојувањето на Македонија“, рече Мицкоски.