
Банката на Англија го претстави новиот дизајн на банкнота со ликот на кралот Чарлс III
Банката на Англија го откри дизајнот на новите банкноти со ликот на кралот Чарлс III и најави дека ќе бидат во оптек до средината на 2024 година.
Според официјалната веб-страница на банката, портретот на кралот ќе се појави на апоени од 5, 10, 20 и 50 фунти.
Сликата на кралот ќе биде испечатена на предната страна, како и во проѕирен безбедносен печат на банкнотите, кои ќе бидат испечатени на полимерна пластична хартија.
Во оптек ќе продолжат и банкнотите со ликот на кралицата Елизабета Втора.
Новите банкноти ќе се печатат само за да ги заменат оние што се истрошени, се наведува на веб-страницата на Банката на Англија.