
Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, која денеска е во посета на Белград, истакна дека европската иднина на Србија е во интерес на Словенија и на целата Европска унија и оти доаѓа во Белград со цел да ги зајакне односите меѓу двете земји.
„Како министер за надворешни работи на Република Словенија гарантирам дека ќе сторам се што е во моја моќ да и помогнам на Србија на нејзиниот европски пат, бидејќи тоа е во интерес на Словенија и на целата ЕУ“, изјави Фајон за весникот „Политика“.
Таа рече и дека и покрај тоа што нема лесни теми за разговор, дијалогот меѓу Белград и Приштина, со европско посредништво, останува најдобриот начин за решавање на противречностите и предизвиците.