„Македонија предводена од Владата на Зоран Заев и Венко Филипче дојде до 8.000 починати лица од ковид. Тоа е огромна бројка. И тоа не се само обични бројки туку луѓе, судбини и семејства.
Македонија има најголема смртност во регионот. Илјадници и илјадници семејства во Македонија ја поминаа голготата на овој катастрофален здравствен систем на Зоран Заев и Венко Филипче, каде што нема кревети, нема лекови, нема кислород, нема Брза помош. Македонија беше последната земја во Европа која што доби вакцини, последната земја во Европа.
Резултатот е катастрофален. Резултатот е фијаско и дебакл. 8.000 починати луѓе од КОВИД, тоа е тажна и ужасна бројка за сите нас“ – рече на прес-конференција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.