„Отец Партениј се зафати со возобнова на монашкиот живот, правилно духовно воспитувајќи ги, па се промени перцепцијата на монашкиот начин на живот. Околу 200 монаси има во нашата земја, има повеќе од 20 активни манастири“ вели меѓудругото за „Трилинг“ сестра Ефимија која заедно со уште 9 монахињи е дел од манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Рајчица.
-Како започнува денот на монахињите во Рајчица?
„Ние стануваме во 5.30 и нашиот работен ден завршува околу 21 часот, немаме слободен ден, но тоа не ни претставува проблем, постои невидлива сила која ни дава многу радост, за да истраеме во послушанијата, во манастирот владeат други закони, духовни – таму се зборува со јазикот на тишина, тоа е една потреба да го чуеш другиот“.
Во продолжение разговорот со сестра Ефимија на големиот празник Божиќ: