Подарок што командантот на полската полиција го доби од Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава

Подарок што командантот на полската полиција го доби при неодамнешната посета на Украина експлодирал во полициско седиште во Варшава.

Командантот и еден државен службеник се со полесни повреди, соопшти денеска МВР на Полска.

Експлозијата се случила вчера наутро, соопшти Министерството.Само командантот е задржан во болница поради набљудување.

Нема информации каков предмет добил полскиот командант за време на работната посета на Украина.

Во неделата и понеделникот командантот се сретна со лидерите на украинската полиција и службите за итни случаи, соопшти Министерството.

По експлозијата „полската страна побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението.