Борел: Тргнете ги барикадите, дијалогот е единствениот пат!

Жосеп Борел – високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност апелира да се смири ситуацијата на северот на Косово. Ги повика Белград и Приштина да се вратат на разговорите за европскиот предлог за дијалог.

„Апсолутно е важно да се запрат ваквите проблеми, да се отстранат барикадите, да се смири ситуацијата и да се вратиме на дискусијата за предлогот што го ставивме на маса со цел да се најде трајно решение за тензиите меѓу Приштина и Белград“, рече Борел,

„Последниве неколку дена се соочуваме со големи проблеми на северот на Косово. Повикувам на смирување на ситуацијата и враќање на дијалогот, што е единствениот пат за европската перспектива на Косово и Србија“, порача Борел.