Бугарските пратеници не го поддржаа Габровски за нов премиер

Собранието на Бугарија не го избра за премиер Николај Габровски.

За Габровски гласаа 113 пратеници, а против беа 125. Расправиите траеја околу 3 часа, а структурата и составот на владата на Габровски нема да се гласа, бидејќи неговата кандидатура не беше поддржана и со тоа е исцрпена уставната процедура, објасни претседателот на Народното собрание Јордан Цонев.

 

– Пред еден месец рековме дека за една влада да биде успешна, треба да се спроведуваат законите, Планот за закрепнување и одржливост, судските реформи. – изјави Асен Василев, „Продолжуваме со промената“.

Габровски дојде како предлог од партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Претседателот на Бугарија Румен Радев пред 10-тина дена му го врачи мандатот по што го формираше тимот министри. Според последниот развој на настаните Бугарија тешко дека ќе добие стабилна влада и по четвртите парламентарни избори кои се одржуваат во последните година и половина.