
Имаме стабилна состојба со инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус.Болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми.Ова го соопшти комисијата за заразни болести, која на состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата.
На овој состанок е донесена констатација дека имаме и стабилна состојба со ковид -19.Нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.
Носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби сепак ќе продолжат и во иднина.
– Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира, најавува МЗ.