Ева Каили демантира корупција, но полицијата објави видео со парите, кај неа најдени 150.000 евра

Грчката европратеничка Ева Каили негираше вмешаност во наводен скандал со поткуп во кој е вмешан домаќинот на Светското првенство Катар, јави Би-Би-Си.

Таа е една од четворицата осомничени обвинети откако белгиските инспектори пронајдоа 1,5 милиони евра во куфер во две куќи.

Каили беше сменета од функцијата со гласовите на пратениците во Европскиот парламент, со 625 „за“.

„Ева Каили изјавува дека е невина и нема никаква врска со поткуп од Катар“, изјави нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос во вторникот за грчката телевизија.

Обвинителите извршија серија претреси во текот на неколку дена и соопштија дека во куќата на еден осомничен биле пронајдени пари во вредност од околу 600.000 евра, во станот на Евас Каили 150.000 евра и во куфер во хотелска соба во Брисел 750.000 евра.