Бугарскиот премиер – Кирил Петков потврди дека на 18. јануари ќе ја посети Македонија, во одговор на седница за пратенички прашања во Народното собрание. Тој го изјави тоа во одговор на прашање на поранешната министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева.
Рече дека добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција.
Петков е зачуден зошто во 2021. година немало ниту еден лет од Софија до Скопје, како и ниту една железничка линија.
Уверува дека има апсолутно јасен заеднички став во коалицијата, како и целосна координација во Советот на министри на Бугарија на темата.
„Со одењето на разговори на 18. јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Република Северна Македонија. Се надевам дека нашата Влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати“ рече Петков.