Ковачевски за Божиќ: Христовото раѓање симболизира нови почетоци, да бидеме сплотени кон подобра иднина

По повод големиот христијански празник Божиќ, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани кои го слават, до православните христијани.

„Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божиќ. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир.

Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање.

Да продолжиме да негуваме добри мисли, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество.

Христос се роди! Навистина се роди!“ – стои во честитката на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.