Повторно закани за бомби во училишта

Нови дојави за бомби во средни училишта во Скопје. Закана за експлозивна направа стигнала во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Местоположбата на училиштето, во центарот на градот е во непосредна близина на повеќе здравствени институции.

Во тек е евакуација на учениците и вработените, а полицијата е на терен и врши антитерористички проверки.

Како што пристигнуваат информации, дојави биле испратени и на адресите на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“. Се чека и официјална потврда од МВР и дополнителни информации каде се има пристигнато дојави, пишува „Локално“.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера истакна дека речиси е невозможно да се детектира од каде доаѓаат заканите, поради тоа што се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

Неделава за првпат закана за бомба стигна и на адресата на Министерството за надворешни работи, а претходно имаше дојава и во зградата на Народната банка.