Онлајн настава за учениците во Црна Гора

Онлајн настава за учениците во Црна Гора до крајот на неделата.Ова е одлука на министерството за образование во Црна Гора,откако два дена по ред беа евакуирани сите образовни институции поради лажни дојави за поставени бомби.

Оваа одлука е донесена како резултат на препораката на Црногорската полициска управа.

„Црногорското Министерство за образование во соработка со Полициската управа навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни активности и препораки. Исто така апелираме до сите граѓани да останат смирени и присебни и да ги почитуваат упатствата на Министерството и Полициската управа со цел заеднички да придонесеме за стабилност во новосоздадената состојба“, се вели во соопштението.

Дојавите дојдоа од е-поштата Ричард Рамирез, а авторот се претстави како Владислав Поздњаков од руската екстремистичка група „Машка држава“.