
Британските железничари започнаа штрајк, со барање за повисоки плати .
Синдикатот за железнички, поморски и патен транспорт повика на два 48-часовни штрајкови оваа седмица.Ги откажа услугите денеска ,утре,петок и сабота.
Штрајковите следат по неуспехот на преговорите со работодавците и откако синдикатите ја отфрлија најновата понуда за платите и условите за работа од компаниите што управуваат со железничката мрежа.
Во Велика Британија за овој месец се најавени штрајкови уште и на медицинските сестри, граничарите и на возачите на Службата за итна медицинска помош, принудувајќи ја Владата да размисли за мобилизирање на армијата како припомош во јавните услуги зимава.
Незадоволството на работниците е големо бидејќи високите цени на храната и енергенсите предизвикаа инфлацијата да достигне 11,1 отсто, што е ниво највисоко во последните 41 година.
Синдикатот се спротивставува на предлозите што би можеле да доведат до губење работни места и принуденост на вработените да работат ноќе и викенди, со ризици по безбедноста.