Франција-Мароко: Мобилизирани 10.000 полицајци, 5.000 од нив во Париз

Жералд Дарманан, министерот за внатрешни работи на Франција,  најави распоредување на 10.000 полицајци низ цела Франција.

Пет илјади од нив ќе бидат распоредени во Париз за полуфиналето на Светското фудбалско првенство, Франција-Мароко.

„Ќе бидат мобилизирани 10.000 полицајци и жандарми. 5000 во регионот на Париз, а особено околу Шанзелизе и 5000 надвор од парискиот регион“, изјави министерот за внатрешни работи пред Националното собрание, прецизирајќи дека Елисејските полиња нема да бидат затворени за сообраќај, и покрај барањето на градоначалник на арондисманот каде што се наоѓа авенијата Шанзелизе.

„Од 18:30 часот несомнено ќе бидат затворени голем дел од портите на обиколницата“, како и неколку станици на метрото и на РЕР . „Треба овие често семејни демонстрации на радост, да се стават во контекст на терористичка закана“- додаде министерот.

Префектите ќе треба да  отстрануваат  канти за ѓубре, градежни бариери или кој било друг материјал што може да се користи како оружје по дестинација, во периметрите што се идентификувани како веројатно да примат голема толпа на крајот од натпреварот“.

Полициски извор изјави дека и од префектите било побарано „да го ограничат, во зависност од локалните услови, паркирањето и сообраќајот во областите со голема турканици за да го ограничат ризикот од несреќа или напад“.