Борел со предупредување: Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпи своите воени резерви
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпела своите воени резерви.
„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. И дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“ објави Борел на својот неделен блог.
Во меѓувреме, Борел на својот Твитер профил истакна дека податоците на Агенцијата за одбрана на ЕУ (ЕДА) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе за одбрана“.
„Сега мораме да трошиме подобро на одбраната и да соработуваме повеќе за да ја поддржиме Украина, да одговориме на итните потреби и да се подготвиме за иднината“.