Вицешампионското место на последното балканско првенство од картинг му припаѓа на 9 годишниот Горазд Ристевски

Вицешампионското место на последното балканско првенство од картинг му припаѓа на 9 годишниот Горазд Ристевски од Скопје.

Натпреварот се одржа во Ќустендил.Тој оваа година се натпреварувал во категоријата MINI BG. Во 2022 малиот Горазд повторно зазема учество на бугарскиот шампионат во истата класа.Таму го освојува четвртото место во генерален пласман  со две неизвозени трки во Романија и Враца во Бугарија.

Желбата и љубовта кон картингот му ја пренел неговиот татко.Започнал да тренира од 8 годишна возраст.

Горазд е редовен учесник на регионалните натпревари во соседните држави.Тој веќе и се подготвува за следната сезона која треба да започне во мај.