Лицата постари од 50 години во Италија ќе мора да се вакцинираат против Ковид 19 – ова е одлуката на властите во обид да го намалат притисокот врз здравствениот систем. Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15. јуни.
Од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, повеќе од 138.000 смртни случаи од Ковид-19 се пријавени во Италија, што е втора по големина цифра во Европа, по Велика Британија.
Владата веќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците и здравствените работници, а од октомври лани сите вработени мора да бидат вакцинирани или да направат негативен тест пред да влезат на работното место.