ДЗС: Издадени 373 одобренија за градење во месец октомври 2022 година
Издадени 373 одобренија за градење во месец октомври 2022 година. Тоа е за 26.7 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, информираат од ДЗС.
Предвидената вредност на објектите изнесува 14 404 949 илјади денари, што е за 48.2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
-Зголемената вредност е резултат на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка, кое е со вредност 9 534 439 илјади денари, информираат од ДЗС.
Според податоците на ДЗС, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 185 (49.6 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 127 (34.0 проценти) за објекти од нискоградба и 61 (16.4 отсто) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 373 објекти, на 195 (52.3 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47.7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Според ДЗС,во извештајниот период е предвидена изградба на 699 станови, со вкупна корисна површина од 58 180 квадратни метри.