МТСП: Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани

Во тек е исплатата на парична помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.Подршката се однесува на :

-корисниците  на правото на социјална сигурност на стари лица,

-корисниците  на посебен додаток,

-корисниците на  правото на надоместок заради попреченост,

-корисниците на надоместокот за  попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и

-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.