Македонски и бугарски бизнисмени на форум во Скопје: „До една милијарда и понатаму“

Македонско-бугарски бизнис форум се одржа денес во Скопје.Форумот го отворија министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за надворешни работи Николај Милков.

На форумот бизнисмените со барање за полесен проток на граничните премини и конечно завршување на Коридорот 8, политиката да работи на меѓусебната почит меѓу државите, а бизнисот да го најде патот за подобра меѓусебна соработка.

Посебен интерес се изрази и за активностите за пругата кон Бугарија.  На проектот почнат пред 28 години, од македонска страна пред еден месец повторно стартуваа градежните работи на првите две делници, а за третата се подготвува тендерската документација.

Заложбите и на македонската и бугарската страна се да ги завршат планираните работи во својот дел до крајот на 2027 година, а железничкиот дел од Коридорот 8 кон Албанија да се заврши до крајот на декадава.

Македонски и бугарски компании денеска потпишаа и четири договори за меѓусебна соработка, три од областа на винската индустрија и еден во делот на обезбедувањето и безбедноста.

На форумот активно учествуваа над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Денешниот бизнис форум се организира под покровителство на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија.Целта е стабилизација,создавање на нови бизнис контакти и можности на пазарот на двете држави.