Околу 2.500 фоки се пронајдени мртви на брегот на Каспиското Езеро

Околу 2.500 угинати фоки се пронајдени на плажите на Каспиското Езеро во Русија, соопшти Министерство за екологија на Дагестан без притоа да се посочи причината.

Тие се пронајдени на десет километри долгото дагестанско крајбрежје на Каспиското Езеро.

„Главна“ причина би можело да биде гушење поради истекување гас од Каспиското Езеро – вели директорката на Руската агенција за мониторинг на природата, Светлана Радионова,

Радионова посочи дека кон крајот на седмицава ќе бидат познати првите резултати од анализите.Тогаш би можеле да кажат дали има загадување на водата.

Ваков случај имаше крајот на 2020 година, кога на плажите во Дагестан и Азербејџан беа пронајдени речиси две илјади мртви фоки.

На почетокот на минатиот век во Каспиското Езеро имало повеќе од милион фоки, а денеска ги има околу 68 илјади .