МНР : Ќе се организира транспортот на посмртните останки на починатата Маја Јанеска

Маја Јаневска,македонската државјанка била пронајдена со прострелна рана во главата во Јужна Африка.Отворена е истрага, но случајот  не се третира како сомнителен.

Како што објавија дел од медиумите, Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.

Полицијата пронашла жена во спална соба, со прострелна рана во главата.До неа е пронајдено огнено оружје потврдил потпаролот на полицијата.Според медиумите нејзиното момче било во куќата.

По добиените информации за починатата државјанка  на Македонија ,МНР преку надлежната амбасада во Каиро стапила во контакт со  надлежните органи на земјата од каде добиле потврда за смртта на Јаневска.Нашите претставиници се во постојана комуникација со надлежните јужно африкански власти,околу транспортот на смртните останки на починатата – информираат од МНР.