Катар 2022: Јапонија во осминафинале, Германија се враќа дома

Германската фудбалска репрезентација се збогуваше со светското првенство во Катар. Победата против Костарика не беше доволна. Доста возбудувања донесе и третото последно коло во групата „Е“.

Репрезентацијата на Германија триумфираше над Костарика со 4:2, но чекаше и победа на Шпанија против Јапонија, но тоа не се случи, бидејќи азиската селекција направи уште еден сензационален резултат, славејќи на крајот со 2:1.

Така, на конечната табела Јапонците завршија како првопласирани со шест бодови, пред Шпанија (9:3) со четири, колку и Германија (6:5), но составот на Луис Енрике имаше многу подобра гол-разлика.

Костарика која до 73 минута на дуелот со Германците имаше осминафинале, го освои четвртото место со три бода.

На вториот меч во Доха, Шпанците водеа преку Мората во 11 минута по асистенцијата на Азпиликуета. На стартот од вториот дел Јапонците за период од три минути направија целосен пресврт со головите на Доан и Танака.

Во осминафиналето, Јапонија на 5 декември ќе игра против второпласираната од групата „Ф“, Хрватска, додека на 6 декември Шпанија за противник во борбата за четвртфинале ќе го има првопласираниот од групата „Ф“, Мароко.