МВР: Дојавите за бомби во скопските училишта се лажни

Станува збор за лажни пријави –соопштуваат од МВР. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки. Направени се сите потребни проверки во однос на денешните пријави од скопските училишта – изјави МВР.