Работодавецот не смее да го контактира преку мобилен телефон или СМС пораки работникот после работно време.Ова важи исто така и за неработни денови и за време на одмор.Ова е предвидено со измените за Законот за труд во второто читање во Хрватска.Измените предвидуваат 50 отсто повеќе наплата,за работа во недела. Работникот има право да биде недостапен после работното време или додека е на годишен одмор.
Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, потенцираше помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.