Можностите за зајакнување на соработката и координацијата во областите од заеднички интерес, како што се енергетската криза и миграцијата, биле во фокусот на телефонскиот разговор на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со премиерката на Италија Џорџа Мелони.
Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ѝ честитал на Мелони за преземањето на функцијата, а во разговорот направиле краток осврт на билатералните односи и ги нагласиле можностите за зајакнување на соработката.
-Притоа ги нагласија можностите за зајакнување на соработката и координацијата во областите од заеднички интерес, како што се енергетската криза и миграцијата, како и заедничките предизвици со кои се соочуваат Грција и Италија како медитерански земји, информираа од кабинетот на грчкиот премиер.
Паралелно, Мицотакис и Мелони се договориле да се сретнат што е можно поскоро.